• недела, 06 октомври 2024

Киев соопшти за жестоки борби во источна Украина и продолжување на руските напади врз Авдијивка

Киев соопшти за жестоки борби во источна Украина и продолжување на руските напади врз Авдијивка

Киев, 14 октомври 2023 (МИА) - Украина соопшти за жестоки борби во близина на источниот град Авдијивка, кои продолжија петти ден по ред.

Виталиј Барабаш, началникот на градската воена администрација во Авдијивка, рече дека Москва распоредува дополнителни сили за да го опколи стратешки важниот град во источната област Доњецк, северно од градот Доњецк, кој е под контрола на Русија.

„Непријателот не престана ниту да ги напаѓа ниту да ги гранатира нашите позиции“ околу Авдијивка, изјави Барабаш на украинската телевизија.

Во градот, каде што пред војната живееле речиси 31.000 луѓе, сега останаа околу 1.600 цивили.

Барабаш ја коментира актуелната ситуација еден ден откако постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, пред Советот за безбедност изјави дека Москва започнала нова етапа од својата кампања во Украина. рп/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан