• понеделник, 26 август 2024

Киев: Руски ракетен напад врз украинскиот град Харков оштети медицинска установа

Киев: Руски ракетен напад врз украинскиот град Харков оштети медицинска установа

Киев, 6 август 2024 (МИА) - Во руски ракетен напад врз градот Харков во североисточна Украина денеска е оштетена медицинска установа, напиша градоначалникот на градот на апликацијата Телеграм.

Регионалниот гувернер на регионот Харков рече дека две лица се лекуваат поради акутни стресни реакции и додаде дека може да има повеќе луѓе под урнатините.

Локалните власти претходно соопштија дека нападот предизвикал и пожар во централниот дел на Харков.

Градот е на само 30 километри од границата со Русија и е често напаѓан од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан