• среда, 25 декември 2024

Киевска полиција: Во нова гробница близу Буча откриени седум тела

Киевска полиција: Во нова гробница близу Буча откриени седум тела
Киев, 13 јуни 2022 (МИА) - Седум тела се пронајдени денеска во нова гробница во близина на Буча, каде што беа откриени телата на голем број цивили по повлекувањето на руската армија од Киев кон крајот на март, соопшти киевската полиција. „Русите овде измачувале седуммина цивили, а потоа кукавички ги застрелале во глава“, напиша на Фејсбук началникот на киевската полиција Андриј Небитов, додавајќи дека „на неколку жртви им биле врзани рацете, а и колената“. „Оваа гробница е откриена денеска на местото каде што биле стационирани руски војници, во близина на селото Мироцка, 10 километри северозападно од Буча и 35 километри од Киев“, соопшти Небитов, додавајќи дека „сега се работи на идентификација на жртвите“. По заминувањето на руските војници од регионот на Киев, каде што беа откриени телата на стотици украински цивили, Буча стана симбол на руските воени злосторства. Москва постојано ги отфрла обвинувањата, велејќи дека станува збор за „фалсификувани“ информации и тврди дека злосторствата биле организирани од Украинци со поддршка од Западот. ссм/  

Остани поврзан