• среда, 25 декември 2024

Кејт Мидлтон во златен фустан на премиерата на „Не е време за умирање“

Кејт Мидлтон во златен фустан на премиерата на „Не е време за умирање“
Лондон, 29 септември 2021 (МИА) - Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон остави силен впечаток синоќа на британската премиера на филмот за агентот Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“ (No Time to Die), во Лондон. Кејт на црвениот тепих во „Ројал Алберт хол“ пристигна во златен фустан - креација на Џени Пекам, украсен со светки и монистра. Елегантниот стајлинг бил надополнет со златни обетки. На црвениот тепих беа и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, како и принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол. Филмот „Не е време за умирање“ ја имаше својата светска премиера 18 месеци подоцна од планираното, по неколкуте одложувања поради пандемијата на Ковид-19. Британскиот глумец Даниел Крејг по петти, последен пат го глуми тајниот агент „007“. си/гт/

Остани поврзан