• среда, 25 декември 2024

Кејти Пери со нов албум по три години пауза

Кејти Пери со нов албум по три години пауза

Лос Анџелес, 22 јули 2020 (МИА) - Поп-ѕвездата Кејти Пери го објави датумот на излегувањеето на новиот албум „Smile“ (Насмевка), а тоа е 14 август годинава. Ова ќе биде и првиот нејзин албум по „Witness“ од 2017 година.

https://www.youtube.com/watch?v=BwkdoQheLOo

Пејачката претходно ја преттави и најавната песна за албумот - „Daises", а наскоро ќе излезе и видеоспотот за насловната „Smile". Говорејќи за неа, пејачката вели дека песната настанала во многу тежок период од нејзиниот живот.

https://youtu.be/x4YpQwupi6M „Насловната песна на албумот ја напишав доодека минував низ еден од најмрачните времиња од мојот живот и кога ја загубив насмевката. Целиот албум е всушност, едно мое патување кон светлината - приказна за борба, надеж и љубов“, напиша таа на Инстаграм. Албумот ќе има 16 песни. Инаку, Кејти и нејзиниот свршеник, холивудскиот глумец Орландо месецов го очекуваат своето прво дете.  си/

Остани поврзан