• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кејти Пери оди во Вселената

Кејти Пери оди во Вселената

Лос Анџелес, 28 февруари 2025 (МИА) - Американската поп-пејачка Кејти Пери наскоро ќе патува во Вселената, заедно со свршеницата на Џеф Безос - Лорен Санчез, објави американската вселенска компанија „Блу ориџин“ (Blue Origin).

Тоа ќе биде 11-ти лет со екипаж за „Блу ориџин“ и  ракетата „Њу шепард“, коишто веќе неколку години имаат понуди за вселенски туризам. Во леталото би требало да бидат и филмската продуцентка Кери Флин и поборничката против сексуалното насилство, Аманда Нгуен. Летот ќе се спроведе напролет, соопшти компанијата на Безос. 

За време на летот што трае неколку минути, патничките ќе може и да се откачат од своите седишта за да искусат лебдење во нулта гравитација.

Цените на билетите се чува во тајност.

Целосно автоматизираната ракета полетува вертикално и се враќа на Земјата, при што капсулата се одвојува во повратниот лет, во контролираниот пад со падобрани и ретро-погонско гориво, објави „Н-1“. Главниот соперник на „Блу ориџин“ за вселенски туристички летови е британската „Вирџин галактик“ (Virgin Galactic), којашто нуди слично патувачко искуство.  си/рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан