• вторник, 24 декември 2024

Кејти Пери го поттикна „Актот на Пери“

Кејти Пери го поттикна „Актот на Пери“

Лос Анџелес, 24 октомври 2023 (МИА) - Американската пејачка Кејти Пери, се чини, може да добие нов закон за недвижности именуван по неа - и тоа, според познавачи, не е за пофалба, од нејзино гледиште.

Поп-ѕвездата и нејзиниот партнер, холивудскиот глумец Орландо Блум, сѐ уште се во правна битка со Карл Весткот, 84-годишниот основач на „1-800-Флауерс“ - компанија за малопродажба што се занимава со цвеќиња и храна. Бизнис-менаџерот на Пери, Берни Гудви дејствувал како агент на пејачката кога таа и Блум во 2020 година ја купиле вилата на Весткот во Монтесито, Калифорнија, САД, вредна 15 милиони долари.

Весткот и семејството потоа поднесоа тужба против Гудви во Врховниот суд во Лос Анџелес, наведувајќи дека како продавач не бил при чиста совест и здрав разум кога се согласил да го продаде својот дом. Купувачите, сепак, не отстапуваат од договорот.

Од овој судски спор произлезе „Актот на Пери“ (The PERRY Act). Тој нов акт ќе има за цел да ги штити повозрасните лица од лоши трансакции со недвижности. Законот сѐ уште не е усвоен низ законодавна постапка, но има поддршка од повеќе од 30 американски политичари.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан