Кејн: Ќе играм за Англија и по СП 2026 година
- Капитенот на Англија, Хари Кејн, изрази надеж дека ќе продолжи да игра за „трите лава“ и по Светското првенство во 2026 година.
Лондон, 19 ноември 2024 (МИА) - Капитенот на Англија, Хари Кејн, изрази надеж дека ќе продолжи да игра за „трите лава“ и по Светското првенство во 2026 година.
Триесет и едно годишниот напаѓач зборуваше за својата иднина во националниот дрес по натпреварот со Ирска, кој Англија го доби со 5-0, а Кејн го зголеми бројот на голови на 69 во 103 натпревари.
Запрашан дали следното Светско ќе му биде последно во кариерата, Кејн рече: „Мислам дека не. Постои разбирање дека штом ќе влезете во триесеттите, наскоро ќе завршите. Сепак, настапувајќи на највисокото ниво во мојата кариера досега, се чувствувам подобро од било кога. Не сакам да гледам толку далеку во иднината, никогаш не сум го правел тоа. Светското првенство ќе биде многу возбудливо. Ќе биде неверојатен настан во САД и ќе се обидеме да го освоиме“. дс
Фото: Архива