• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кејн: Интер славеше како веќе да го добил и реваншот

Кејн: Интер славеше како веќе да го добил и реваншот

Минхен, 9 април 2025 (МИА) - Ѕвездата на Баерн Минхен, Хари Кејн по синоќешниот пораз на неговиот тим од Интер со 1:2, за „Фудбал Италија“ изјави дека „нероазурите“ славеле „како веќе да го добиле и реваншот“.

Иако Кејн пропушти голема шанса во првото полувреме, Англичанецот е позитивен во пресрет на реваншот на италијанско тло следната недела.

Кејн имаше златна шанса за гол за Баерн, но неговиот удар помина покрај голот, а минути подоцна Лаутаро Мартинез постигна прекрасен гол за Интер.

-Тоа е животот на напаѓачот. Понекогаш се случуваат овие грешки. Натпреварот беше многу тежок. Интер е многу добар тим, но мислам дека ја контролиравме играта во поголемиот дел од времето, особено во второто полувреме. Нашиот настап беше доминантен. Разочарани сме што примивме таков гол (вториот гол на Интер). Мораме да веруваме дека можеме да ги свртиме работите. Можеме да победиме секого, изјави уште Кејн. дс

Фото: Архива

Остани поврзан