• сабота, 23 ноември 2024

Кејн го пропушта ЕП 2020?

Кејн го пропушта ЕП 2020?
Лондон, 14 јануари 2020 (МИА) - Sвездата на Тотенхем и Англија, Хари Кејн може да го пропушти ЕП 2020! Ова стана јасно по изјава на Жозе Мурињо, која секако ќе загрижи многу англиски навивачи. Кејн се подложи на операција и требаше да се врати во игра на почетокот од април, но очигледно Специјалниот беше изнервиран од постојаните прашања во врска за стрелецот и се изрази малку загрижувачки за англиската јавност. - Немаме никаква вест за Хари и ако ме прашувате секој пат, ќе ви одговорам на ист начин. Тој може да биде аут до средината на април, мај или да биде достапен за нас следната сезона, рече тој. Така, во пракса, Кејн се чини дека се наоѓа под знак прашалник за Европското, што би претставувало огромен удар за Англија.

Остани поврзан