• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кејн ги загуби сите шест финалиња досега во кариерата

Кејн ги загуби сите шест финалиња досега во кариерата


Лондон, 15 јули 2024 (МИА) – Напаѓачот Хари Кејн како дел од репрезентацијата на Англија загуби од Шпанија (1:2) во неделното финале на ЕВРО2024 година што за него беше шести пораз во исто толку финалиња во кариерата.
Триесетгодишниот Кејн загуби во финалињата во Лига купот (2015, 2021), финалето во Лигата на шампионите (2019), како и двата натпревари за европската титула (2021, 2024) и Суперкупот на Германија (2023).
Кејн на ЕВРО2024 одигра седум натпревари и постигна три голови. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан