• четврток, 26 декември 2024

Кејли Куоко „плачела цела ноќ“, оти изгубила улога во „Нож в грб 2“

Кејли Куоко „плачела цела ноќ“, оти изгубила улога во „Нож в грб 2“
Лос Анџелес, 18 април 2022 (МИА) - Глумицата можеби најпозната по хуморстичните серии „Бубалици“ и „Стјуардеса“, Кејли Куоко призна дека „плачела цела ноќ“, откако изгубила можност да глуми во криминалистичкиот филм „Нож в грб 2“. Улогата за којашто таа се пријавила, ја добила Кејт Хадсон. - Бев убедена (дека улогата е добиена, з.п.)... Но, Кејт Хадсон ја доби. Но, бев толку убедена дека моите торби беа веќе спакувани за Грција, рече таа за новото, насловно интервју за „Гламур“. Куоко била „уништена“ оти не ја добила улогата. [caption id="attachment_1709529" align="alignleft" width="960"]Кејт Хадсон Кејт Хадсон[/caption] - Плачев цела ноќ... Инаку, Кејт е одлична!, рече Куоко. За среќа, веќе следните денови на „несреќната губитничка“ ѝ било испратено сценариото за нејзината претстојна романтична комедија „Љубов на прв поглед“ (Meet Cute), во којашто глуми и Пит Дејвидсон. Филмот е во постпродукција. Натаму, таа на шега изјави дека се надева дека „Нож в грб“ ќе има и трето продолжение... Прикажувањата на „Нож в грб 2“ (Knives Out 2) се првично закажани за оваа година. Точниот датум сѐ уште не се соопштува.  си/ссм/

Остани поврзан