• среда, 25 декември 2024

Кетрин Зета-Џонс со нова линија тренди-производи

Кетрин Зета-Џонс со нова линија тренди-производи
Лондон, 6 јули 2020 (МИА) - Велшко-американската глумица Кетрин Зета-Џонс ја пушти во продажба својата нова модна линија обувки, љубовни лажици, веганско кафе и шминка. Пакетот го носи називот „Каса Зета-Џонс“ и, како што таа се надева, ова е само почеток на нејзините подолгорочни планови. Во интервју за „Дејли Мејл”, глумицата вели оти тоа е нејзина страст. - Сакав да ја претворам оваа моја страст во чекор напред и да создадам марка - прекрасна и луксузна, но истовремено и достапна за луѓето, вели Зета-Џонс. Брендот постои веќе некое време и, досега продаваше постелнина за спални кревети, перници и лежалки, но филмската ѕвезда сака да ја прошири таа палета од производи. Ѕвездата од „Маската на Зоро“ претходно јавно го најави своето повлекување „од лудиот свет на Холивуд“. Последните улоги ѝ беа оние во ТВ-серијата „Кралицата на Америка“ од 2018. и филмот „Кралица на кокаинот“ од 2017 година.  си/ссм/

Остани поврзан