• вторник, 19 ноември 2024

Кери Лам: Опозицијата да не го стигматизира новиот закон за национална безбедност

Кери Лам: Опозицијата да не го стигматизира новиот закон за национална безбедност
Хонгконг, 16 јуни 2020 (МИА) - Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам изјави денеска дека се надева оти опозицијата нема да го „демонизира и стигматизира“ новиот закон за национална безбедност, бидејќи тоа би значело спротивставување на граѓаните.
„Луѓето во Хонг Конг сакаат да видат стабилност и безбедно опкружување каде ќе можат да работат и да живеат повторно, изјави Лам, додавајќи дека „луѓето се презаситени од насилство и странски интервенции во градот“.
Таа посочи дека Хонг Конг е дел од Народна Република Кина, но дека не постојат механизми за заштита на националната безбедност, потенцирајќи дека „тоа не е ризик само за над седум милиони луѓе во Хонг Конг, туку и за 1,4 милијарди луѓе во целата земја“. Аналитичарите сметаат дека законот е напад врз принципот „една земја, два система“, во кој Кина му вети на Хонг Конг висок степен на автономија и слобода. Во мај кинескиот Парламент го одобри усвојувањето на законот за национална безбедност во Хонг Конг, кој има за цел да ги потисне терористичките и странските интервенции во градот по неколкумесечните антивладини протести минатата година. Антивладините протести во Хонг Конг престанаа за време на коронавирусот, но се одржаа повторно во последните неколку недели, иако мерките за физичко растојание се уште се на сила. Лидерката на Хонг Конг рече дека мерките постепено ќе се олеснуваат, а од четврток нема да бидат на сила оние со кои се забранува собирање на повеќе од осум лица, како и ограничениот капацитет на луѓето во рестораните. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан