• четврток, 26 декември 2024

Кенија покрена постапка за исчезнување медицинска донација

Кенија покрена постапка за исчезнување медицинска донација
Лондон, 16 јуни 2020 (МИА) - Властите во Кенија покренаа истрага по повод исчезнувањето на донацијата на заштитна медицинска опрема, што земјата ја доби од Кина за борба против вирусот Ковид-19, соопштија денеска официјални лица. Од опремата, вредна два милиона долари, недостигаат хируршки маски, заштитни одела, изолациски наметки и термометри, пренесува Би-Би-Си. Од почетокот на епидемијата, Кенија доби донации од бројни меѓународни организации, меѓу кои и од милијардерот Џек Ма, ММФ и многу земји од ЕУ, но Владата во таа африканска земја се соочува со обвиненија дека ги користела овие донации, бидејќи медицинските работници реагираат на недостиг на заштитна опрема. Министерот за здравство на Кенија, Мутахи Кагве призна дека има „чудни елементи“ во целата приказна и вети дека ќе ги изведат сторителите пред лицето на правдата. паг/

Остани поврзан