• сабота, 23 ноември 2024

Кенискиот маратонец Кипсанг дисквалификуван четири години

Кенискиот маратонец Кипсанг дисквалификуван четири години
Најроби, 3 јули 2020 (МИА) - Кениецот Вилсон Кипсанг, носител на олимписки медал во маратон е дисквалификуван од натпревари следните четири години, поради нарушувања на антидопинг правилата. Периодот на дисквалификација на 38-годишен спортист се пресметува од 10 јануари 2020 година, пренесува „АП“. Кипсанг беше прогласен за виновен за фалсификување на неговите информации за локацијата. На Олимпијадата во 2012 година, Кипсанг го освои бронзениот медал. Покрај тоа, тој победи  двапати на маратонот во Лондон (2012, 2014), а победи и во Берлин (2013), Њујорк (2014) и Токио (2017). зс/

Остани поврзан