• недела, 24 ноември 2024

Кенеди: Демократската партија да ја номинира замената на Бајден преку отворен процес

Кенеди: Демократската партија да ја номинира замената на Бајден преку отворен процес

Вашинтон, 21 јули 2024 (МИА) - Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Помладиот денеска ја поздрави одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да се откаже од кампањата за реизбор и ја повика Демократската партија да ја номинира замената на Бајден преку „отворен процес“.

Кенеди, поранешен демократ, рече дека се надева оти Демократската партија „ќе искористи неутрално гласање“ за да го избере најсилниот кандидат за да го победи републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, објави Си-Ен-Ен.

Кенеди го критикуваше партиското раководење со примарниот процес.

-Ја повикувам Демократската партија да се врати на својата традиционална посветеност на демократијата и да го покаже тоа преку отворен процес, рече Кенеди.

Според него, „прогресивното влошување“ на Бајден ја поткопа неговата кандидатура.

Бајден претходно денеска се повлече од кампањата за реизбор на претседателските избори на 5 ноември. Во писмото објавено на „Х“, Бајден рече дека верува оти е во најдобар интерес на неговата партија и земја да се повлече и да се фокусира исклучиво на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат. мс/

Остани поврзан