• среда, 25 декември 2024

Кембриџ доби 20 милиони фунти од компании за фосилни горива

Кембриџ доби 20 милиони фунти од компании за фосилни горива

Лондон, 19 март 2024 (МИА) - Британскиот универзитет Кембриџ денеска објави дека, по кампањата на студентите и академиците, усвоил мораториум за нови донации за компаниите за фосилни горива.

Одлуката следи по препораките во минатогодишниот извештај на поранешниот претставник на ОН за климатски промени Најџел Топинг.

Кембриџ рече дека суспензијата е усвоена во петокот „со оглед на посветеноста на универзитетот за справување со климатските промени преку транзицијата кон свет без јаглерод“.

Според извештајот на Топинг, универзитетот добива релативно мали донации од индустриски партнери, што изнесува 5,1 отсто од вкупниот буџет за истражувачки и хуманитарни програми.

Ова изнесува околу 3,3 милиони фунти годишно во последните шест години.

Индустриите за фосилни горива учествуваат со 0,4 отсто во финансирањето на истражувачки и хуманитарни програми, а нивните донации сочинуваат 0,1 отсто од вкупниот приход на универзитетот, се наведува.

Одлуката на Кембриџ првпат беше објавена во понеделникот од Фајненшл тајмс, кој рече дека универзитетот прифатил 19,7 милиони фунти од нафтените гиганти БП и Шел меѓу 2016 и 2023 година.

Универзитетот има за цел да постигне нула нето емисии на стакленички гасови до 2038 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан