• вторник, 24 декември 2024

Келиф по пласманот во полуфиналето: Ова е победа за сите жени во светот

Келиф по пласманот во полуфиналето: Ова е победа за сите жени во светот

Париз, 4 август 2024 (МИА) - Алжирската боксерка Имане Келиф, која трпеше навреди и коментари за нејзиниот родов идентитет, ја даде својата прва изјава по скандалите на Олимпијадата.

Вчера Келиф ја победи Унгарката Ана Марија Хамори и се пласираше во полуфиналето, со што и донесе медал од Игрите во Париз.

Таа потоа разговараше со арапскиот спортски радиодифузер „Беин спортс“, прекинувајќи го молкот од почетокот на нападите.

-Многу сум горда што и донесов медал на мојата земја во Париз. Работев напорно за овој успех. Ова е победа за сите жени во светот, изјави боксерката.

Британски „Телеграф“ цитираше алжирски новинар на кој таа му дала само краток коментар за сомневањата за полот и припадноста.

-Јас сум жена, бил краткиот коментар на Имане. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан