• сабота, 23 ноември 2024

Келис ја обвини Бијонсе за „кражба“

Келис ја обвини Бијонсе за „кражба“

Лос Анџелес, 3 август 2022 (МИА) - Бијонсе го отстрани „Милкшејк“-делот од својата нова песна „Energy“ (Енергија), откако Келис ја нападна поп-ѕвездата поради својот хит „Milkshake“ од 2003 година, обвинувајќи ја, не за плагијат, туку - за „кражба“.

Но, ова беше неочекувано тешка недела за Бијонсе, која и покрај тоа што доби одлични критики за новиот диско-денс албум „Renaissance“, имаше и низа измени на песните - по објавувањето. Имено, неколку дена пред неговото објавување минатиот петок, албумот, „случајно“, „протече“ на интернет... Потоа, во понеделникот, Бијонсе објави дека ќе го отстрани зборот „спаз“ од нејзината песна „Heated“ по реакциите дека зборот е навреда кон лицата со телесна попреченост... https://www.youtube.com/watch?v=SzgNSgEXE_g „Ова не е соработка, тоа е кражба... Ништо никогаш не е како што изгледа, некои од луѓето во овој бизнис немаат душа, ни интегритет и сите ги имаат измамено“, напиша Келис на својот интернет-простор. https://www.youtube.com/watch?v=O9rk6ldyFkA „Тидал“ и „Епл“ потоа, се чини, го отстранија и делот од песната на Келис - „Milkshake“, што, се чини, се појавува на крајот од „Energy“. Контроверзноста меѓу двете ар-ен-би изведувачки почна неколку часа пред официјалното објавување на албумот, кога Келис на Инстаграм остро ја изрази својата фрустрација што нејзината песна се користела на таков начин, а како што вели - не ѝ била дадена никаква заслуга и не ѝ побарале никаква дозвола за тоа.  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан