Кевин Пантер и Вејд Болдвин кандидати за настап за репрезентацијата на Босна и Херцеговина
- Кошаркарската федерација на Босна и Херцеговина се обидува да ја натурализира вревен играч, пишува sportsport.ba.
Сараево, 7 декември 2023 (МИА) - Кошаркарската федерација на Босна и Херцеговина се обидува да ја натурализира вревен играч, пишува sportsport.ba.
Според порталот, кандидати се Кевин Пантер од Партизан и Вејд Болдвин од Макаби Тел Авив, а федерацијата засега нема други опции.
„Големиот човек“ од Минесота, Лука Гарза, минатото лето за првпат во кариерата играше за Босна и Херцеговина, но како натурализиран играч. Бидејќи неговата мајка е Босанка, Гарза сега треба да ги добие потребните документи и да направи место за странски играч, забележува „sporsport.ba“.
Покрај тоа, федерацијата работи на комплетирањето на документација за Тарик Биберовиќ, кој е роден во Босна и Херцеговина, но има турско државјанство. зс/
Фото: ЕПА