• четврток, 26 декември 2024

Кевин Мекарти најави дека ќе го напушти Конгресот

Кевин Мекарти најави дека ќе го напушти Конгресот

Вашингтон, 6 декември 2023 (МИА) - Републиканецот Кевин Мекарти, кој беше избран и потоа сменет од функцијата претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во бурните девет месеци оваа година, во авторски текст во Волстрит џурнал објави дека ќе го нашушто законодавниот дом.

-Одлучив да го напуштам Претставничкиот дом на крајот на оваа година за да и служам на Америка на нови начини, напиша 58-годишниот Мекарти.

Заминувањето на поранешниот партиски лидер популарен меѓу донаторите, кој им помогна на републиканците да добијат контрола над Претставничкиот дом во 2022 година, може да ги попречи надежите на партијата да го задржи мнозинството следната година, наведуваат американски медиуми.

Мекарти, за прв пат влезе во Конгресот во 2007 година. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан