• сабота, 23 ноември 2024

Квитова ѝ го предаде мечот на Кербер поради повреда

Квитова ѝ го предаде мечот на Кербер поради повреда
Синсинати, 20 август 2021 (МИА) - Чешката тенисерка Петра Квитова вечерва не успеа да го заврши четвртфиналниот натпревар на ВТА турнирот во Синсинати (САД) против Анжелик Кербер. При резултат 6:4 за Германката во првиот сет и 3:3 во вториот сет, Квитова го предаде мечот поради повреда. На овој начин, Кербер се пласираше во полуфиналето каде ќе се сретне со Австралијката Ешли Барти. Наградниот фонд на турнирот во Синсинати изнесува 2,1 милиона долари. зс/

Остани поврзан