• недела, 24 ноември 2024

Квитова се повлече од Ролан Гарос

Квитова се повлече од Ролан Гарос
Париз, 1 јуни 2021 (МИА) - Двократната шампионка на Грен слем турнирите, Петра Квитова објави дека е принудена да се повлече од Ролан Гарос. - Во неделата, разговарајќи со новинарите по натпреварот, паднав и го повредив глуждот. За жал, по скенирање на МНР и долга дискусија со тимот, донесов тешка одлука дека би било неумно да играм. Ќе бидам силна и ќе дадам се од себе за да закрепнам за сезоната на трева, изјави Квитова. Чешката тенисерка во првото коло се сретна со Грет Минен, а по повлекувањето од турнирот, нејзината ривалка во второто коло, Елена Веснина службено ќе ј адобие победата. зс/

Остани поврзан