• недела, 24 ноември 2024

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“  со два концерти во Скопје 

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“  со два концерти во Скопје 

Скопје, 29 март 2024 (МИА) - Квинтетот на Симон Трпчески и камерниот оркестар „Ајга“ ќе го изведат проектот „Македонисимо“ со оркестарската верзија, на два концерта, во салата на Македонската филхармонија. Ова беше кажано на денешната прес-конференција.

- Мислам дека направивме еден феноменален историски чекор за македонската музика, уметност и за Македонија како земја, рече Трпчески. 

Диригентката Ана Спасовска, зборувајќи во име на оркестарот, изрази задоволство од соработката. 

- Ова ќе биде балканска и македонска премиера. Сметам дека многу одговорно пристапуваме кон нашата задача, да го исполниме „Македонисимо“ најдобро што можеме, бидејќи ние како Македонци, сметам дека нашите ора, би можеле да ги изведеме најубаво, бидејќи најубаво и ги чувствуваме. А всушност тоа е музиката, чувствата да ги пренесеме кон публиката, подвлече Спасовска. 

Композиторот Панде Шахов нагласи дека проектот е симболичен, бидејќи дава шанса на исклучително талентирани музичари да свират заедно, нагласувајќи дека соработката ќе продолжи и во иднина.  

На средбата беше кажано дека концертите се на стартот од првото издание на Скопје Интернационалниот музички фестивал. 

Притоа, беше нагласено дека по распродадениот прв концерт, закажан за 1 април, закажан е втор концерт на 31 март. бд/аа/

Фото: МИА 

Остани поврзан