• среда, 25 декември 2024

Кварацхелија за натпреварот со Португалија: Се надевам дека Роналдо ќе ми го даде дресот

Кварацхелија за натпреварот со Португалија: Се надевам дека Роналдо ќе ми го даде дресот

Гелзенкирхен, 25 јуни 2024 (МИА) – Најдобриот грузиски фудбалер Квича Кварацхелија ги сподели своите очекувања за утрешниот натпревар со Португалија во 3. коло на групниот турнир на Евро 2024 година.

- Не се чувствувам нервозен. Сонував да играм против Роналдо. Тој повеќе не настапува во Европа, но соништата се остваруваат. Се надевам дека ќе ми го даде својот дрес. Можевме да постигнеме повеќе со Чешка и Турција, но искуството одлучува многу. Не дојдовме овде како туристи и сè уште имаме шанса да одиме понатаму, изјави Кварахцелија за „РБ Спорт“.

Грузиската репрезентација загуби од Турција (1:3) во првото коло, а одигра нерешено 1:1 со Чешка во 2. коло на Евро 2024 година. Тимот е на последното место во групата Ф.

Утрешниот резултат со Португалците ќе се игра во Гелзенкирхен со почеток во 21 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан