• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кварацхелија: Задоволни сме со резултатот, но претстои вториот натпревар

Кварацхелија: Задоволни сме со резултатот, но претстои вториот натпревар

Париз, 10 април 2025 (МИА) – Фудбалерот на ПСЖ, Квича Кварацхелија ги искажа импресиите по победата над Астон вила (3:1) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

-Имавме тежок противник. Задоволни сме со резултатот, но треба да продолжиме бидејќи претстои втор натпревар, а работата не е завршена. Реваншот ќе биде тежок, но мора да се обидеме да ја играме нашата игра, а потоа ќе видиме, изјави Кварацхелија по синоќешниот натпревар.

Грузиецот го постигна вториот гол за парижаните и беше прогласен за најдобар фудбалер на мечот.

Реваншот ќе се одигра во Бирмингем на 15 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан