• среда, 18 декември 2024

Кварацхелија е блиску до продолжување на договорот со Наполи

Кварацхелија е блиску до продолжување на договорот со Наполи

Неапол, 10 декември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацхелија наскоро може да го продолжи договорот со клубот, пренесува „Corriere dello Sport“.

Клубот продолжи да работи на продолжување на соработката со играчот, кој ќе трае до 2029 година и ќе вклучува зголемување на платата и разни бонуси. 

Се очекува страните да ги средат сите деталите до крајот на 2024 година.

Дваесет и тригодишниот Грузиец за Наполи настапува од 1 јули 2022 година, а актуелниот договор со клубот му истекува на 30 јуни 2022 година. 

Оваа сезона Кварацхелија на 17 натпревари во сите натпреварувања постигна пет гола и имаше три асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан