• вторник, 24 декември 2024

Квалификации СП 2022: Романија прв противник на македонската фудбалска репрезентација, Германија во Скопје на 11 октомври

Квалификации СП 2022: Романија прв противник на македонската фудбалска репрезентација, Германија во Скопје на 11 октомври
Скопје, 8 декември 2020 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар ќе ги започне со меч на гостински терен против Романија, на 25 март следната година. Во второто квалификациско коло Лихтенштајн ќе гостува во Скопје, на 28 март, додека на 31 март „црвено – жолтите“ гостуваат кај главниот фаворит во Ј-групата, Германија. На 2 септември македонската фудбалска репрезентација ја пречекува Ерменија, а три дена подоцна гостува на Исланд, на 5 септември. Вториот циклус македонската репрезентација го завршува на домашен терен против Романија на 8. септември. На 8 октомври следува гостување во Лихтенштајн, а на 11 октомври во Скопје ќе гостува Германија од 20.45 часот. Во завршниот ноемвриски циклус, македонската репрезентација ќе гостува во Ерменија на 11 ноември, а последниот меч на календарот е на домашен терен со Исланд на 14 ноември. ег/зс/

Остани поврзан