• среда, 25 декември 2024

Квалификации за СП: На Чесите им се расипа авионот 

Квалификации за СП: На Чесите им се расипа авионот 
Прага, 22 март 2022 (МИА) - Поради дефект на авионот чешката фудбалска репрезентација денеска беше принудена за 24 часа да го пролонгира поаѓањето за Шведска за полуфиналниот мундијалски бараж в четврток. - Чешката репрезентација ќе го промени својот распоред и за Шведска ќе отпатува дури в среда поради дефект на авионот, изјави портпаролот Петр Седиви, не изнесувајќи детали  околу дефектот на леталото. Натпреварот од полуфиалниот бараж за пласман на Мундјалот 2022 меѓу Шведска и Чешка ќе се одигра во Солна, задутре со почеток во 20:45 часот, а победникот во финалето за противник ќе ја има Полска. Ова не е првпат Чесите да се соочуваат со проблеми со авионите. Минатото лето, за време на ЕУРО2020, доцнеа на летот од Прага до Будимпешта, каде во осминафиналниот натпревар ја совладаа Холандија со 2-0. ег/ми/

Тагови

Остани поврзан