• среда, 13 ноември 2024

Квалификациите на ГП на Саудиска Арабија во прекин поради несреќата на Мик Шумахер

Квалификациите на ГП на Саудиска Арабија во прекин поради несреќата на Мик Шумахер
Џеда, 26 март 2022 (МИА) - Возачот на Хас, Мик Шумахер доживеа тешка сообраќајна несреќа на пет минути пред крајот на вториот квалификациски сегмент за Големата награда на Саудиска Арабија. Шумахер ја загуби контролата на болидот во свиокот 12 и силно удри во бариерите. Медицинско возило се упати кон тркачот. „Формула 1“ се уште нема прикажано реприза на инцидентот во преносот. Хас потврди дека Мик е во свесна состојба и дека излезе од болидот и комуницираше со лекарите. Според првичните информации од Џеда, Шумахер ќе биде пренесен во една од локалните болници за понатамошно следење на неговата здравствена состојба. зс/

Остани поврзан