• петок, 27 декември 2024

Квалификациите за УС Опен ќе се одржат без публика

Квалификациите за УС Опен ќе се одржат без публика
Њујорк, 13 август 2021 (МИА) – На гледачите нема да им биде дозволено да присуствуваат на квалификациските рунди за Отвореното првенство на САД во тенис овој месец поради здравствени и безбедносни причини во услови на пандемија со Ковид-19, соопшти УСТА, тениската асоцијација на САД. Како што информираат од организацијата, ова било особено тешка одлука, со оглед на огромната популарност на квалификациите за УС Опен меѓу навивачите, но, по консултација со локалните здравствени власти и медицинскиот тим на УС Опен, било утврдено дека тоа е вистинската одлука за обезбедување на здравјето и безбедност на сите. Во јуни, УСТА објави дека ќе дозволи целосен капацитет на навивачите за главниот дел од турнирот што ќе трае до 12 септември, што го прави првиот Грен-слем со целосна посетеност во услови на пандемија од Австралија Опен минатата година. ар/

Остани поврзан