• недела, 28 јули 2024

Квадрадо договори соработка со Интер

Квадрадо договори соработка со Интер

Милано, 19 јули 2023 (МИА) - Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус, Хуан Квадрадо, премина во Интер, објави официјалниот сајт на миланскиот клуб.

 

Триесет и петгодишниот колумбиски фудбалер потпиша договор со „неро-аѕурите“ до 2024 година.

 

На крајот на јуни Јувентус најави заминување на Квадрадо. Тој за „Старата дама“ настапуваше од 2015 година, одигра 314 натпревари, постигна 26 гола и 65 асистенции. зс/

 

Фото: Фејсбук Интер

Остани поврзан