• четврток, 12 февруари 2026

„КБ Инвест“ АД Скопје нов спонзор на ГФК „Осогово“ од Кочани

„КБ Инвест“ АД Скопје нов спонзор на ГФК „Осогово“ од Кочани

Кочани, 9 февруари 2026 (МИА) - Најголемото признание за потенцијалот на тимот, како  и предана работа на стручниот штаб и управата, доаѓа кога некој што има беспрекорна репутација во областа на финансииите, ќе ве препознае и ќе ви подаде рака.

Ова стои во денеска објавеното  соопштението на управата на кочанските „жолто-сини“, со кое се информира дека КБ Инвест АД Скопје станува партнер и спонзор на „Осоговво“.

-Чест е да ги известиме сите наши навивачи и целата спортска јавност дека соработката, која пред половина година започна со стандарна соработка во форма на реклама, прерасна во партнерство во кое ГФК „Осогово“ доби спонзор и партнер со беспрекорна репутација во македонската финансиска индустрија, а КБ Инвест АД Скопје ја доби централната рекламна позиција на дресот на кочанскиот миленик, се нагласува во соопштението луѓето од УО на второлигашот од Кочани .

Новиот дрес во кој ГФК „Осогово“ ќе настапува во претстојната година е промовиран на ревијалниот хуманитарен натпревар со ФК „Вардар“ од Скопје. ИС/

фото: ГФК „Осогово“

 

Остани поврзан