• сабота, 23 ноември 2024

Кање Вест ја купува платформата Парлер

Кање Вест ја купува платформата Парлер
Лос Анџелес, 17 октомври 2022 (МИА) - Социјалната мрежа Парлер денеска објави дека Кање Вест се согласил да ја купи платформата, којашто се здоби со популарност меѓу американските конзервативци. „Во свет каде што конзервативните мислења се сметаат за контроверзни, мораме да се погрижиме да имаме право слободно да се изразиме“, напиша раперот во изјава на Парлер. Ова не е првпат музичарот да привлекува внимание со своите изјави, политички ставови и потези. Во една од низата контроверзни изјави, на пр., Је рече дека ропството во светот било „прашање на избор“, а познат беше и како поддржувач и обожавател на Доналд Трамп како претседател на САД.  Исто така, деновиве тој ја брануваше јавноста со антисемитски изјави и пораки против движењето „Black Lives Matter“. си/ссм/

Остани поврзан