• четврток, 26 декември 2024

Кање Вест: „Животите на белците се важни“

Кање Вест: „Животите на белците се важни“

Париз, 4 октомври 2022 (МИА) - Кање Вест повторно се најде во средиштето на вниманието на американските медиуми откако вчера на претставувањето на својата модна колекција „Уај-3-уај си-3-ејч 9“ (YЗY СЗН 9) во Париз се појави во црна маица со натпис „Животите на белците се важни“ на грбот и сликата на папата Јован Павле Втори однапред.

Неколку манекенки на ревијата носеа различни верзии на истиот дизајн, а на интернет-просторот е откриено дека и познатaтa „конзервативнa политичкa коментаторка“ Кандис Овенс на ревијата дошла во иста кошула, само во бела боја. „Животите на белците се важни“ (White Lives Matter), инаку е своевиден противслоган на оној на движењето „Животите на црнците се важни“ (Black Lives Matter). Кање Вест даде неколку изјави за време на своето шоу, но не говореше за политичката порака. Да потсетиме, ова не е првпат музичарот да предизвикува контроверзии и да привлекува внимание со своите изјави и политички ставови. Во 2018 година, Вест за ропството рече дека тоа било „прашање на избор“, а познат е и како обожавател на Доналд Трамп, кого го поддржуваше како претседател на САД.  си/

Остани поврзан