• четврток, 26 декември 2024

Кање Вест го објави својот 10-ти студиски албум „Donda“

Кање Вест го објави својот 10-ти студиски албум „Donda“
Атланта, 30 август 2021 (МИА) - По неколку недели одложување, раперот Кање Вест конечно го објави својот десетти студиски албум наречен „Donda“. Toj e достапен на стрим-платфорите од вчера. Вест го најави албумот пред две години. Тој, исто така, организираше три големи јавни собири во САД - Атланта, Лас Вегас и Чикаго, каде што гостите можеа да слушнат некои од песните, а мина и извесно време на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта, каде што го доврши снимањето. Објавувањето на албумот беше официјално објавено на Инстаграм неколку часа порано од неговиот менаџер Бу Тијам.  си/

Остани поврзан