• среда, 13 ноември 2024

Каљари го отпушти тренерот Ди Франческо

Каљари го отпушти тренерот Ди Франческо
Каљари, 22 февруари 2021 (МИА) – Калчолигашот Каљари денес на својата веб-страница објави за прекинот на соработката со главниот тренер Еузебио Ди Франческо. Клубот исто така ги отпушти помошникот менаџер Франческо Калзон и фитнес тренерот Никандро Викоко. По 23 кола, Каљари се наоѓа во зоната за испаѓање во Серија А, заземајќи го 18. место со 15 бодови. Претходно, новинарот на „Скај Спорт Италија“, Џанлука Ди Марцио, изјави дека Леонардо Семпличи може да стане нов предводник на Каљари. зс/

Остани поврзан