• четврток, 26 декември 2024

Кај Кипар отворен подводен музеј со над 90 скулптури

Кај Кипар отворен подводен музеј со над 90 скулптури
Никозија, 26 август 2021 (МИА) - Подводен музеј со над 90 скулптури на уметникот, еколог и фотограф Џејсон де Каир Тејлор, беше отворен на почетокот на месецов, во туристичкото место Аја Напа крај брегот на Кипар. Скулптурите ќе служат и како вештачки гребени за помош во обновувањето на подводниот живот. - Скулптурите се преобразуваат, па на нив растат корали, а има сунѓери што се лепат на површината (на статуите), вели авторот. Музејот за подводни скулптури во Аја Напа (МУЗАН) содржи 93 уметнички дела изработени од комбинација на висококвалитетен морски не’рѓосувачки челик и еколошки подобен, тн. ПХ-неутрален бетон. Сместени на длабочина од 8-10 метри, овие парчиња се дизајнирани да привлечат различни видови морски животни. Кристално чистото подрачје на оваа област, исто така, значи дека е погодно за нуркачи. Околу 10-15 отсто од морското дно има доволно цврста основа што овозможува природно создавање гребени, што ги прави скулптурите важен дел за зачувување на морскиот живот. Сите претходни проекти на Џејсон низ целиот свет се специјално дизајнирани за секое место.  си/

Остани поврзан