Кајри Ирвинг ги скина лигаментите на коленото
- Уште утрово беше јасно дека Кајри Ирвинг е тешко повреден, а она од што најмногу се плашеа навивачите на Далас Маверикс сега беше потврдено. Заврши сезоната за искусниот бек!

Далас, 4 март 2025 (МИА) - Уште утрово беше јасно дека Кајри Ирвинг е тешко повреден, а она од што најмногу се плашеа навивачите на Далас Маверикс сега беше потврдено. Заврши сезоната за искусниот бек!
Според американските медиуми, Ирвинг има скинати лигаменти на левото колено и нема да игра повторно оваа сезона дури и ако Маверикс стигнат до евентуалното НБА финале.
Ирвинг се здоби со повреда на натпреварот против Сакраменто Кингс, кој го совлада Далас со 122-98. Тој го напушти паркетот во првата четвртина по изведувањето слободни фрлања и повеќе не се врати.
Тој досега имаше исклучителна сезона во дресот на франшизата од Тексас. Поради отсуството на Лука Дончиќ поради повреда, а потоа и неговиот трејд, Ирвинг стана главен играч на Далас и имаше просек од 25 поени, 4,9 скока и 4,7 асистенции.
Ова е уште еден голем удар за Маверикс бидејќи е повреден и Ентони Дејвис. Сепак, Дејвис се очекува наскоро да се врати на теренот. Тоа би значело многу за тимот на Далас кој моментално е на 10. место на Западот со скор 32-30. дс
Фото: Архива