• четврток, 26 декември 2024

Кајли Џенер цел на шеги за тоа како сече торта

Кајли Џенер цел на шеги за тоа како сече торта
Лос Анџелес, 12 мај 2020 (МИА) - Кајли Џенер на својата сметка можеби има милијарда долари, но според Инстаграм сеирџиите, геометријата не ѝ е многу силна страна... Имено, бујната убавица пред неколку дена објави слика од својата торта со маслиново масло, со едно исечено парче. Токму тоа мало, математички неправилно парче беше повод за серијата шеги на нејзина сметка. Но, Џенер „го возврати ударот“. На следните две објавени слики од истата торта, до првото исечено парче, има несовршено исечен круг и нож во тортата. „Некои луѓе беа вознемирени од тоа како сечам торта, па ова е токму за тие луѓе“, вели Кајли во придружниот коментар. Зајадливите шеги продолжија. Некои следачи тоа го нарекоа „хорор“ врз тортата.  си/сд/

Остани поврзан