• четврток, 26 декември 2024

Качински призна дека Полска има шпионски софтвер Пегаз

Качински призна дека Полска има шпионски софтвер Пегаз
Варшава, 7 јануари 2022 (МИА) - Полскиот вицепремиер за безбедност Јарослав Качински призна дека неговата земја набавила модерен шпионски софтвер Пегаз во 2017 година од Израел, но категорично ги негираше тврдењата, сега не само на канадските експерти, туку и на независните меѓународни експерти од Амнести, дека властите го искористиле за шпионирање претставници на опозицијата.

„Ние не користевме ништо такво. Ниту Пегаз, ниту тајните служби, ниту една тајна информација не играше никаква улога во кампањата пред изборите. Тие изгубија затоа што изгубија, не треба да бараат такви изговори денес“, рече Качински во интервју што в понеделник ќе го објави провладиниот десничарски неделник „Сјечи“.

Синоќа, Амнести интернешнел, врз основа на анализите на своите експерти и претходната инспекција на Canadian Citizen Lab, која се занимаваше со аферата Пегаз и нејзината злоупотреба во светот, објави дека полските власти од Партијата на правото и правдата на Јарослав Качински го злоупотребиле Пегаз за  хакирање и шпионирање на опозицијата.

Конкретно во Полска, жртва на израелскиот софтвер, кој требаше да се продава само во докажани раце за да се избегне поседувањето на авторитарни режими, меѓу другите во светот, беше и влијателниот адвокат Роман Гертих. Тој ги застапува претставниците на опозицијата во многу чувствителни судења. Обвинителката Ева Взошек се споменува и кога покрена истрага за махинациите на власта во организацијата на претседателските избори среде пандемијата во 2020 година и сенаторот на опозициските партии и Граѓанската коалиција Кшиштоф Брејза.

Според канадските експерти, телефонот на сенаторот Брејза, кој беше шеф на изборниот штаб на Граѓанската коалиција пред парламентарните избори во 2019 година, бил хакиран 33 пати, а пораките и текстовите украдени од мобилниот телефон на Брејза биле употребени во кампања против опзоицијата на државната телевизија ТВП. паг/

Остани поврзан