• среда, 27 ноември 2024

Качински: Претстојните избори се најважни од 1989 година

Качински: Претстојните избори се најважни од 1989 година

Варшава, 6 август 2023 (МИА) - Лидерот на полската владејачка партија и вицепремиер Јарослав Качиски изјави дека претстојните парламентарни избори ќе бидат најважни од 1989 година, кога се одржаа првите делумно слободни избори во Полска, пренесоа полските медиуми. 

Првите делумно слободни парламентарни избори одржани во Полска на 4 јуни 1989 година ставија крај на комунизмот во Полска и го отворија патот за негова трансформација во демократска држава. Овие избори, на кои демократската опозиција извојува убедлива победа, го означија почетокот на колапсот на комунизмот во Централна и Источна Европа.

Качински рече дека она што претстои е од најголема важност, бидејќи најверојатно ќе одлучи за судбината на Полска и полскиот народ.

Алудирајќи на моменталната ситуација во Украина и присуството на приватната воена компанија Вагнер во Белорусија, Качински рече дека владејачката партија Право и правда е силата што може да ја гарантира безбедноста на Полска.

Во Полска оваа есен ќе се одржат парламентарни избори. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан