• среда, 25 декември 2024

Кац: Нема веќе наредби за административен притвор за доселениците на Западниот Брег

Кац: Нема веќе наредби за административен притвор за доселениците на Западниот Брег

Тел Авив, 22 ноември 2024 (МИА)  - Новиот израелски министер за одбрана, Израел Кац, денеска објави крај на наредбите за административен притвор за доселениците од Западниот Брег, контроверзната политика на држење на осомничените без обвинение.

Иако оваа практика првенствено се користела против Палестинците, таа била користена и против некои екстремистички Евреи, пишува Тајмс оф Израел.

Со оваа досегашна политика некои притвореници биле држени без обвинение до шест месеци.

Притворот може да биде продолжен на неодредено време, додека воените обвинители би можеле да ги спречат осомничените да имаат пристап до доказите против нив.

Кац денеска изјави дека „во реалност кога еврејската популација во Јудеја и Самарија е изложена на сериозни палестински терористички закани и неоправдани меѓународни санкции против доселениците, не е соодветно државата Израел да спроведува такви остри мерки против доселениците“.

Министерот неделава се сретна со шефот на Шин Бет, Ронен Бар, и му кажа дека одлучил „да ја прекине употребата на наредбите за административен притвор против еврејските доселеници во Јудеја и Самарија, барајќи од него да воведе алтернативни алатки“, соопшти неговата канцеларија.

-Ја осудувам секоја појава на насилство врз Палестинците и преземање на законот во свои раце и апелирам до раководството на населбата да заземе сличен јавен став и да претстави недвосмислен став по ова прашање, додаде израелскиот министер за одбрана.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан