• вторник, 24 декември 2024

Кац: Иран одлучи да го нападне Израел

Кац: Иран одлучи да го нападне Израел

Тел Авив, 5 август 2024 (МИА) - Иран одлучи да го нападне Израел, објави израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац, пишува „Џерусалим пост“.

Израелскиот весник наведува дека пораката на Иран на Израел му била пренесена преку унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој директно му се јавил на Кац за да објасни дека оваа информација ја добил од вршителот на должноста министер за надворешни работи на Иран, Али Багери.

-Иран не информираше дека има намера да го нападне Израел, рече Кац, додавајќи дека „светот треба да бара цена од Иран за секоја агресивна акција што ќе ја преземе“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан