• петок, 20 март 2026

Кац: Израел самиот ќе го реши проблемот со Хезболах во Либан, доколку либанската Влада не може

Кац: Израел самиот ќе го реши проблемот со Хезболах во Либан, доколку либанската Влада не може

Тел Авив, 12 март 2026 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска изјави дека ѝ поставил ултиматум на либанската Владата: мора да го спречи Хезболах да извршува напади на северот од Израел или израелската армија ќе влезе на либанска територија и „сама ќе го реши проблемот“, пишува Ал Џезира.

„Хезболах вчера истрела силни слави од проектили кон државата Израел“, објави Кац, пренесен од „Тајмс оф Израел“.

„Го предупредив претседателот на Либан дека доколку либанската Влада не знае како да ја контролира територијата и да го спречи Хезболах да им се заканува на северните заедници и да пука во Израел, ние ќе ја преземеме територијата и ќе го направиме тоа самите“, рече тој.сд/ми/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан