• среда, 25 декември 2024

Кац: Ердоган ги жртвуваше интересите на својот народ поради поддршката на Хамас

Кац: Ердоган ги жртвуваше интересите на својот народ поради поддршката на Хамас

Ерусалим 9 април 2024 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац денеска на својот профил на мрежата „Икс“ објави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „уште еднаш ги жртвуваше економските интереси на турскиот народ поради неговата поддршка за Хамас во Газа“.

Во истиот пост, Кац потврди дека контактирал со организации во Америка и побарал од нив да престанат да инвестираат во Турција и да се воздржат од увоз на турски стоки.

Официјалното соопштение на израелскиот министер за надворешни работи дојде еден ден откако турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го критикуваше Израел за забраната на турските воени товарни авиони да се приклучат на операцијата за доставување хуманитарна помош во Газа.

Тој вети дека Турција ќе одговори со низа мерки против Израел додека израелската Влада не прогласи прекин на огнот во Газа и не дозволи хуманитарната помош без прекин да се доставува во Појасот Газа. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан