• четврток, 26 декември 2024

Кац: Во судот во Хаг не се презентирани докази против Израел

Кац: Во судот во Хаг не се презентирани докази против Израел

Тел Авив, 12 јануари 2024 (МИА) – Новиот шеф на израелската дипломатија,Израел Кац, денеска изјави дека пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) не беа презентирани докази против неговата земја, туку „само индиции за морална војна“.

Самата Јужна Африка ги поткопува обвинувањата за геноцид поддржувајќи ја терористичката организација Хамас, која повикува на уништување на државата Израел, изјави шефот на израелската дипломатија, пренесе весникот „Хаарец“.

Министерот изрази надеж дека обвинението ќе биде отфрлено и кажа дека верува оти правдата ќе победи.

Во Меѓународниот суд на правдата  во Хаг денеска продолжи рочиштето по тужбата на Јужна Африка за извршен геноцид од  Израел врз Палестинците во Газа, со изнесување на аргументите на правните застапници на Израел. сд/

фото:Х

Остани поврзан