• вторник, 24 декември 2024

Кац: Во случај на ирански напад, Израел очекува неговите сојузници да му помогнат да го нападне Иран

Кац: Во случај на ирански напад, Израел очекува неговите сојузници да му помогнат да го нападне Иран

Ерусалим, 16 август 2024 (МИА) - Израел очекува неговите сојузници „да му се придружат“ и да го „нападнат Иран“ доколку Исламската Република ја нападне еврејската држава, изјави денеска израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац.

Тој ова им го кажа на своите колеги од Франција и Велика Британија, кои се во посета на Израел.

„Израел очекува Франција и Велика Британија јасно и јавно да му кажат на Иран дека е забрането да го напаѓа Израел и дека ако Исламската Република нападне, коалицијата предводена од САД ќе му се придружи на Израел не само за да го брани, туку и да нападне важни цели во Иран“, рече Кац. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан