• четврток, 26 декември 2024

Кацин: Смртта на жената во домот за стари лица не е поврзана со вакцинацијата

Кацин: Смртта на жената во домот за стари лица не е поврзана со вакцинацијата
Љубљана, 5 јануари 2021 (МИА) - Постарата жена која почина во Словенија овие денови по вакцинирањето против Ковид-19, почина поради повторен срцев удар, а смртта нема директна врска со самата вакцинација, изјави денеска владиниот портпарол Јелко Кацин. На владината прес-конференција, Кацин рече дека станува збор за постара жена која примила вакцина на „Фајзер/БиоНТек“ во еден од домовите за стари лица, потсетувајќи дека вакцинацијата за стари лица и за целото население се базира на доброволна основа и со согласност на секоја личност. - Прелиминарниот заклучок на експертите е дека станува збор за повторен срцев удар, бидејќи таа веќе имала еден пред тоа и дека нејзината смрт не била поврзана со вакцинирањето, рече Кацин. Тој додаде дека заклучокот за тој случај ќе го даде независна комисија формирана во рамките на Министерството за здравство. Министерот за социјални работи Јанез Циглер Краљ рече дека податоците за домот во кој се случила смртта, како и личните податоци на починатата, вклучително и нејзината возраст, не се објавени заради заштитата на приватноста. паг/  

Остани поврзан